Железничкиот и воздухопловниот превоз со раст од 8% и 14,2% во третото тримесечје

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во третото тримесечје од 2025 година е зголемено за 25.7% во однос на истото тримесечје од претходната година

Во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 948 илјади, во градско-приградскиот превоз 7884 илјади, во железничкиот превоз 35 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 1 054 189.

Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со третото тримесечје од 2024 година,  количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 25.7 %, во железничкиот превоз е зголемено за 8.0 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено
за 14.2%.

Превезени патници и стоки, третото тримесечје 2025 година

  • Превезени патници во патниот патнички превоз: 948 илјади

– градско-приградски превоз: 7884 илјади
– железнички превоз: 35 илјади
– воздухопловен превоз: 1 054 189

  • Количество на превезена стока

– товарен патен превоз:    +25.7%
– железнички превоз:       +8.0%
– воздухопловен превоз:  +14.2%