Жито Лукс и понатаму лидер во мелничко-пекарската индустрија

75

Tost-LeboviКомпанијата Жито Лукс се закити со уште еден супербренд сертификат за 2013/2014 година, повторно потврдувајќи ја својата позицијата како лидер во мелничко-пекарската индустрија.

“Постојано се трудиме да бидеме први во воведување на нови иновативни производи и унапредување во секој аспект од работењето. Признанието е секогаш, па и овој пат, поттик за поставување на повисоки цели. Во последните години лансиравме неколку нови производи како што се Нутри линијата со збодатена нутритивна вредност, како и најновите специјални лебови Медитерано, со уникатни медитерански вкусови и Бриош лебот со путер кој беше инспириран од француски рецепт. Истите предизвикаа особен интерес кај потрошувачите. Секако потрошувачите можат и во иднина да очекуваат уште новитети од Жито Лукс“, изјави Лидија Трајковска, одговорно лице во одделот за маркетинг на Жито Лукс.

Компанија лидер во мелничко-пекарската индустрија, ја негува традицијата, но исто така и континуирано развива новитети, со што доследно ги следи барањата на пазарот, односно потрошувачите.

Покрај континуираната иновативност во зголемување на понудата, компанијата постојано инвестира во модернизирање на производните технологии, во следењето на највисоките стандарди, едукацијата на стручниот кадар и постигнување на поголема автентичност и препознатливост на своите производи.