Живко Мукаетов купи 500 обични акции во „Алкалоид“

Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје, дополнително го зголеми својот личен удел во акционерската структура на компанијата. Според официјално соопштение, тој се стекнал со уште 500 обични акции, издадени од самата компанија.

АЛКАЛОИД АД Скопје преку Македонска берза ја известува јавноста дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје, со што поседува вкупно 131.000 или 9,15% од вкупниот број акции.

„Алкалоид“ АД Скопје, еден од водечките фармацевтски производители во регионот, останува меѓу најстабилните и најтранспарентни компании на македонскиот пазар.

Просечната цена по која се тргува акцијата на Алкалоид денеска е 26.711,41 денари.