Животни лекции што претприемачот може да ги пренесе на своите деца

22

deteФото: Pexels

Претприемачите се снаодливи, креативни, интелектуално љубопитни по природа, а споделување на уникатните принципи на претприемништво со вашите деца може да им помогне да научат многу животни лекции.

Ако имате сопствен бизнис одлична идеја е да ги “вработите“ вашите деца и да ја тестирате нивната способност да се справат со одговорноста и да научат нови вештини.

Прилагодливост

Претприемачите треба да бидат способни да се прилагодуваат на различни ситуации. Кога децата ќе ги вклучите во вашиот бизнис, тие ќе сретнат луѓе на различна возраст, различни обврски или различен јазик и ќе треба да се прилагодат во водењето разговор или соработка.

Доживотно учење

Успешните претприемачи секогаш се стремат да ги подобрат своите бизниси. Тие се свесни за промените кои треба да ги прават, бидејќи она што функционира денес може наредниот ден да се смени. Разговорот со децата за вашите клиенти или како функционира маркетингот ќе предизвика низа прашања и интерес од нивна страна. Преку обичен разговор тие ќе разберат за цените на големо и мало, приходите, профитот…

Упорност

Секој претприемач преживеал подеми и падови кои мора да ги совлада. Со споделувањето на успесите и неуспесите кои сте ги доживеале вашите деца ги учите како да ги надминат тешките ситуации и на значењето на упорноста.

Децата во училиште учат дека неуспехот е лош, но успешните претприемачи знаат дека неуспехот е суштински дел од успехот. Користете го неуспехот да ги научите вашите деца да негуваат континуирано подобрување.

Напорна работа

Кога ќе ги вклучите децата во вашата работна средина им давате можност да разберат што работите и колку е напорна работата. Кога ќе ги вклучите децата да ви помогнат во работата може да помогне да се создаде силна работна етика, што е клучно за успехот на секој претприемач.