Златото е шпекулативна инвестиција

57

„Како што пред мене кажале многумина попаметни, станува збор за шпекулативна класа на имот, без внатрешна вредност, која се тргува на принципот на ‘кој ќе најде поголема будала'”. Ова е став на хрватскиот аналитичар Ненад Baкиќ, кој предизвика огромен интерес кај хрватската јавност.

Тој смета дека цената на златото во време на зголемена инфлација или геополитички немири расте, но врз основа на шпекулации. Baкиќ смета дека исто така се апсурдни и камењата наречени дијаманти. Купувачите на злато никогаш не можат да ги решат проблемите. Според Бакиќ, инвеститорите во злато не веруваат во човечки институции и затоа имаат мизантропски ставови.