
На последниот трговски ден од оваа година нема значителни промени во цената на златото, но во текот на 2024 година златото имаше најдобри годишни остварувања од 2010 година, поради големиот купен износ од централните банки, геополитичките тензии и олабавувањето на монетарната политиката на главните светски централни банки.
Вредноста на златото годинава се зголеми за повеќе од 26 отсто.
На последниот ден од годината неговата цена е 2.603,69 долари за унца, што е тежина од 31,1 грама. На крајот на октомври цената беше дури 2.790,15 долари за унца.
„Златото уживаше во ѕвездена година и голем дел од тие перформанси се очекуваа поради очекуваното намалување на стапката“, рече Тим Вотер, главен пазарен аналитичар за фирмата за трговска платформа KCM Trade.
Аналитичарите предвидуваат дека главен двигател на цената на златото во 2025 година ќе биде движењето на американската каматна стапка, што секако зависи и од економската политика на новиот американски претседател Доналд Трамп, односно од можното влијание на воведувањето тарифи за инфлацијата, ја пренесува Ројтерс оценката на Вотер.
Засега се очекува дека ФЕД и другите големи централни банки ќе покажат поголема воздржаност во натамошното намалување на каматната стапка отколку што беше случај во вториот дел од оваа година.
Но, Анека Гупта, директорка за макроекономски истражувања во инвестициската компанија Висдом Трво, смета дека високата цена на златото ќе остане поддржана од геополитичките ризици, трговските тензии и побарувачката од централните банки, бидејќи сето тоа би можело да се спротивстави со побавен понатамошен пад на каматните стапки.
Среброто ја има својата најдобра година од 2020 година и е зголемено за околу 21 процент. Неговата цена е 28,80 долари за унца.
Платината и паладиумот годинава загубија од вредност од осум и 18 отсто.











