Знаци дека шефот не ве почитува

42

sef

Фото: Pixabay

Секој сака неговиот труд да биде вреднуван од страна на шефот, колегите и компанијата каде што работи. Почитта, признанието, давањето фидбек, можностите за учење, раст и развој се работите што секој вработени ги очекува од шефот. Шефот е професионалец кој постојано бара начини компанијата да функционира добро и вработените да работат тимски. Тие треба да изградат фер однос кон своите вработени. Сепак, постојат и шефови кои не го почитуваат трудот на своите вработени. Ако шефот не го цени вашиот труд, тогаш само го губите времето работејќи за него. Овие неколку знаци ќе ви помогнат да откриете дали работите за таков шеф.

Ги игнорира вашите потреби и “заборава“ на обврските

Добриот шеф ги прашува вработените како се справуваат со своите задачи и дали имаат потреба од некаква помош. Шефот што не ги почитува вработените не поставува вакви прашања. Ако ви даде ветување за некоја работа што сте ја побарале од него, а потоа негира или “заборава“, тоа е знак дека не ве почитува.

Не ви објаснува ништо

Тешко е да ја извршувате својата работа кога не добивате објаснување од шефот зошто е направена одредена промена. Не ви дава фидбек или упатува само негативни коментари за вашето работење.

Не ги прифаќа вашите мислења

Еден од начините да откриете дали шефот ве почитува е начинот како тој ги прифаќа вашите мислења. Некој кој го цени вашето мислење нема да ве прекине или да ви рече да молчите.

Ве избегнува и комуницира преку електронска пошта

Шефот постојано избегнува да оствари контакт со вас и се преправа дека не ве слуша кога сте во иста просторија. Технологијата го олеснува функционирањето меѓу вработените, но ако вашиот шеф никогаш не остварува личен контакт со вас и комуницира само преку електронска пошта тоа е знак дека не ве почитува.