Знаци што покажуваат дека не треба да работите за друг

32

stop

Фото: Pixabay

Веќе подолго време вашите замисли не се совпаѓаат со начинот на работење во компанијата. Сепак, ако не сте уверени дали треба истата да ја напуштите и да започнете нешто сами, овие неколку мали совети ќе ви помогнат во одлуката.

Не се согласувате со политиката на работењето

Ако не можете да ја поднесете политиката на работење на работното место, тогаш нема ни да можете да се вклопите во организацијата. Без разлика каков и да е начинот на работа во компанијата каде моментално се наоѓате, вие едноставно не сте скроени за тоа. Ваш приоритет е да се фокусирате на најважните задачи што придонесуваат за подобрување на компанијата. За вас работата не е игра и вие не сте шаховска фигура со која некој може да манипулира.

Вашата страст ве поттикнува најмногу од сè

Вие ги давате целото ваше време и енергија на секој проект/задача што сте зеле да ја работите. Ако тоа е важно за вас, тогаш вложувате сè од себе да нема грешки и започнатото да се заврши беспрекорно. Веројатно сте се сретнале со луѓе што не ја разбираат вашата посветеност кон работата, а вие не можете да сфатите како некој не сака да се потруди да ги заврши своите обврски како што треба и навреме. Ова особено ви паѓа тешко кога никој друг освен вас не ја сфаќа работата сериозно во компанијата.

Знаете дека постои подобар начин

Дали некогаш сте имале одлична идеја, но кога сте ја споделите со претпоставените сте наишле на одговор дека “нештата во компанијата едноставно не функционираат така”? Ако одговорот е да, а вие сте останеле збунети барајќи го одговорот зошто, значи дека вашите идеи, ставови и начин на размислување не се за тоа место. Вие имате многу да дадете, а некој не умее или не знае истото да го цени. Она што најмногу ве фрустрира е кога знаете дека сте во право, но едноставно не ви е дадена можноста од тие на повисока функција да го докажете тоа.