Знаци што укажуваат дека е време за нова работа

19

promena

Фото: Pixabay

Сè што треба веќе сте научиле

Веќе сте совладале се што треба, работите ги извршувате одлично, но не наоѓате веќе ништо интересно и ново. Се чувствувате дека тапкате во место.

Страста повеќе ја нема

Ја нема онаа желба која наутро ве тера да се разбудите и да го започнете работниот ден. Работата станала еднолична и досадна.

Вашите вештини не можат да дојдат до израз

Доколку сте станале преквлификувани за тоа што го работите и не гледате можност за напредок во компанијата, време е да завртите нов лист.

Не се вклопувате во стилот на компанијата

Да се биде вработен значи да се биде дел од тим, но доколку и по неколку месеци се уште се чувствувате како да сте залутале таму, тоа место не е за вас.

Имате ужасен шеф

Доколку однесувањето на вашиот шеф ги преминува границите на толеранцијата и влијае на вашата продуктивност и среќа, време е да заминете оттаму.

Компанијата полека тоне

Кога бродот тоне, треба да се спасите како знаете и умеете. Сигурен знак дека веднаш треба да го напуштите работното место.

Вашиот приватен живот страда

Постојано немате време за вашите пријатели и фамилијата. Финансиските примања нема да го заменат изгубеното време со најблиските.

Стресот го загрозува вашето здравје

Здравјето е секогаш на прво место, па доколку чувствувате постојан стрес, вознемиреност, необјасниви болки и слично, крајно време е да си заминете од токсичната работна средина.

Многу повеќе обврски, а платата непроменета

Кога обврските на работното место се зголемуваат, а платата останува иста, време е да си ја испробате среќата на друго место.