Зошто бонусите не играат голема улога

25

pari

Фото: Pexels

Познато е дека бонусите се причина за создавање на проблематични односи. Иако се чини дека парите се добра мотивација, тоа не е секогаш така. Тие понекогаш можат да ја намалат ефикасноста на работата.

Еве зошто:

Поттикнуваат негативно однесување

Системот на наградување со бонуси неретко ги поттикнува луѓето да ги кршат правилата, да работат надвор од законот и да развијат неетичко однесување. Желбата за бонус ги прниудува луѓето да ги тестираат границите на системот. Уште полошо е кога меѓучовечките односи и довербата зависат од транспарентноста.

Охрабруваат преземање на краткорочни ризици

Токму бонусите се “виновници“ за преземање на ризици коишто краткорочно делуваат профитабилно, а носат скриени долгорочни ризици. Бонусите охрабруваат краткорочно размислување кое има само една цел – моментална заработувачка, а квалитетните деловни потези и проекти секогаш се планираат долгорочно.

Паричната награда не е добра за мотивација

Предвидливите материјални награди со тек на време негативно влијаат на мотивацијата. Кога се очекува бонусот помалку се забележуваат направените пропусти во работата. Парите и резултатите ретко се поврзани меѓу себе. Многу истражувања покажуваат дека луѓето подобро работат кога тоа го сакаат, а не затоа што некој им платил за тоа.

Наградите не го менуваат однесувањето, ниту пак казните

Наградите не создаваат обврска за креирање на било какви вредности или активности. Наместо тоа, тие ја менуваат личноста. Ако бонусот изостанува, тоа е еден вид на казна за лошата изведба. Според ова, казната и бонусот се две страни на паричката кои не играат голема улога во мотивацијата на вработениот.

Затоа бонусот е нешто што сериозно треба да се разгледа и редефинира, земајќи ја во предвид човечката психологија и она што навистина ги мотивира луѓето да бидат ефикасни.