Зошто е добро да имате пријател на работа

25

prijateli

Фото: Pixabay

Градење пријателство на работно место овозможува чувство на припадност и поврзаност со компанијата. Поттикнувањето на социјализација во рамки на организацијата е императив за успех.

Истражувањата покажуваат дека оние кои имаат најдобар пријател на работа се попродуктивни. Искрениот однос и довербата меѓу колегите е одраз на успешни организации. Еве зошто е добро да имате пријатели на вашето работно место:

Поголемиот дел од времето го поминувате на работа

Без разлика на тоа колку часови е вашето работно време треба да имате пријатели со кои времето побрзо ќе ви поминува.

Ви го чува грбот

Пријателот ќе стори сè што е во негова моќ за да ви олесни и помогне во извршување на некоја работна задача. Кога имате пријател на работа значи дека секогаш имате некој кој е на ваша страна.

Работата е забавна

Заминувањето на работа можеби и не ви омилена активност, но ако имате добар пријател времето поминато на работа може да биде позабавно.

Ќе дознаете што сте пропуштиле

Секогаш е добро да имате пријател на кој ќе можете да се потпрете кога нешто ќе пропуштите на работа. Сепак, полесно е да го прашате пријателот што битно сте пропуштиле од состанокот, отколку шефот.

Имате помош во тешките ситуации

Ако се најдете во ситуација кога вашиот интегритет ќе биде доведен во прашање, пријателот сигурно ќе се обиде да ја подобри ситуацијата. Бидејќи пријателот ги знае вашите доблести и вредности за коишто се стремите секогаш добро ќе говори за вас.

Ќе имате друштво на деловните настани

Кога имате пријател на работа не мора да размислувате со кого ќе го поминете времето на настани поврзани со работата и секогаш ќе имате со кого да ручате на работа.