Зошто е добро да останете на исто работно место повеќе од 10 години

63

mehanizam

Фото: Pixabay

Барате причини да го промените работното место? Немате доволно предизвик, примања или можеби не ви се допаѓаат колегите? Пред да ја донесете вашата одлука застанете, земете здив и видете зошто е добро да останете на исто работно место подолго време.

Цврста позиција

Ако останете во една иста компанија подолго време, ќе си обезбедите многу поцврста позиција, отколку ако постојано менувате работни места и треба секаде да се докажувате од почеток.

Повеќе бенефиции

Многу компании ги зголемуваат платените слободни денови на вработените, доколку тие останат на истото работно место повеќе години. Исто така, се зголемува можноста за земање на кредит од банките, доколку имате стабилно работно место во иста компанија повеќе години.

Стабилност

Тешко е да направите долгорочни планови, ако постојано се грижите каде ќе бидете следната година. Поголема стабилност во кариерата и на работното место многу помага во поефективното справување со стресот, на било кое поле во животот.

Можност за лидерство

Со цврстата позиција доаѓа и шансата да се водат другите и да се биде ментор на новите колеги. Успехот ги зголемува вашите способности и со него добивате лојални следбеници во вашиот тим. Успехот на работното место ве прави лидер, кој е поддржуван од сопствениот тим.

Личен напредок

Ако дозволите луѓето добро да ве запознаат во годините поминати заедно, тие ќе ви се доверуваат за совети и ќе ви укажат на некои работи кои можеби не сте ги забележале дотогаш. Исто така, ќе можете поефективно да ги препознаете и решите вашите слабости ако се наоѓате на истото работно место со години, отколку ако постојано одите од едно место на друго и ги обвинувате бившите колеги и директори.

Лојалност

Да се остане на исто работно место 10 години, покажува дека вие сте способни и ги вршите работите како што треба. Токму заради таа способност и лојалност ќе бидете почитувани и луѓето ќе ви веруваат.

Флексибилност

Вработените кои подолго време остануваат на истото работно место, имаат поголема можност да напредуваат. Преку разните задачи и обврски тие можат да увидат во што се најдобри. Разликата помеѓу менување на работна позиција и менување на работно место е во тоа што со напредување во иста компанија ги задржувате статусот и бенефициите, и истовремено можете да прифатите и нови предизвици.

Упорност

Лесно е да се откажеме од нефер борба или сериозен предизвик. Но ако сме упорни и бараме начин да победиме, да најдеме решение за проблемот и да ја поправиме штетата, верувајте дека сето тоа ќе се вреднува и исплати на крај.

Учество во кроење на иднината на компанијата

Со вашата лојалност и долгите години работно искуство вие може да имате голем удел во плановите и стратегиите на компанијата за во иднина. Вашите идеи можат да придонесат за подобрување на работењето на компанијата, истовремено обезбедувајќи подобра иднина и за себе.