
Како оддеднаш власта се предомисли дека е поборник за линеарно зголемување на пензиите и покрај тоа што претходно тврдеше дека треба да се врати стариот модел на процентуално зголемување, односно усогласување на пензиите во однос на порастот на трошоците за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечната плата во висина од 50 отсто.
Економските експерти велат дека повисоките пензии секогаш се дел од ветувањата на партиите пред избори, но треба да се внимава да не го оптоварат буџетот и да го зголемат јавниот долг. Според нив, најавите за линеарно зголемување на пензиите пред избори неможе да се свати никако поинаку освен како партиски поткуп на гласови пред избори.
-Најавите на министерката за финансии дека во септември пензиите, според нејзино мислење треба да пораснат линеарно е политички маркетинг. Со оглед на тоа дека во октомври ќе имаме локални избори ова неможе да се сфати никако поинаку, освен како класичен поткуп на пензионерите со пониски пензии кои се најголеми поборници за линеарно зголемување на пензиите. Од друга страна, ваквиот начин, односно линеарното зголемување на пензиите е негирање на трудот на оние пензионери кои придонеле повеќе во Пензискиот фонд, односно кои плаќале поголеми придонеси, изјави за „Локално“, Џевдет Хајредини, економски аналитичар и поранешен министер за финансии.
Целиот текст на Локално.мк