Зошто луѓето имаат отпор кон промени

161

promeni

Фото: Pixabay

Хераклит, грчки филозоф, вели дека промената е единствената реалност во природата. Некои луѓе се отпорни на промени, особено ако им се наметнати. Тие може да се плашат или да сметаат дека немаат потреба од каква било промена. Иако промената би им донела одредени придобивки, сепак не сакаат да се соочат со неа. Понекогаш промените се неизбежни доколку сакате да напредувате. Со отпорот на промени подобро би се справиле доколку ги знаеме причините зошто го правиме тоа.

Inc ги наведува следниве причини и како да се справиме со промените:

Луѓето се плашат да бидат различни

Ние сме суштества од навика. Сакаме рутина и процедура.
На секоја организација и треба визионер, но само наведување на вашата визија не е доволно. Потребно е да покажете, а не само да раскажете. Може да демонстрирате како би сакале да ги направите работите пред да започнете со реализација.
Минимизирајте ја фрустрацијата преку комуникација и демонстрирање. Останете фокусирани на главната причина за промени.

Се чувствува замор или стрес

Заморот може да биде убиствен за промените. Ако во организацијата се случуваат многу пресврти, луѓето може да се спротивставуваат на промените, едноставно бидејќи се уморни. Кога луѓето се уморни, тие имаат тенденција да бидат чудни, лути и нервозни. Во вакви случаи лидерите мора да ги разберат приговорите на вработените и да внимаваат на нивните потреби во процесот на промена.

Недостаток на доверба

Вработените ги почитуваат лидерите поради довербата што ја изградиле во одреден период. Кога стариот лидер го заменува нов, важно е новиот да ја изгради довербата кај луѓето што ги води. Ако не се изгради, тогаш настапува отпорот кон промените. Лидерите може да ја изградат довербата преку вклучување на вработените во процесот. Така ќе се создаде средина во која луѓето веруваат дека промената може да се спроведе и е за доброто на сите.

Луѓето знаат дека промените носат нови ситуации и проблеми

Многу луѓе сакаат работите да останат непроменети, отколку да одат во насока која е непозната. Знаеме дека “новиот начин“ може да донесе нови ситуации и проблеми. Многумина би ги отфрлиле новите начини за да се избегнат проблемите. Но, промената е ризик во секоја организација. Отпорот може да се балансира преку создавање на сигурност во процесот.