Зошто луѓето не го купуваат тоа што го продавате?

107

Фото: Pixabay

Постојат повеќе причини зошто луѓето едноставно не сакаат да го купат вашиот производ или услуга. Покрај недовербата што е број еден, на листата се наоѓаат и следниве три причини.

Мистериозност

За да можат луѓето да ви веруваат, прво треба да бидете она што сте. За да изградите доверба кај клиентите мора да ги кажете и негативните работи за тоа што го продавате, но добро “спакувани“ покрај придобивките. Бидете искрени, пристапни и не користете премногу софистицирани зборови. Претставете се така што потенцијалниот купувач ќе ве почувствува близок, како некој што го знае со години. Клучно во сета презентација е да не криете ништо, туку со позитивното да ги “избришете“ и евентуалните минуси што вашиот производ/услуга ги има.

Премногу знаете

Не давајте впечаток дека премногу знаете и сакате да им “подметнете“ нешто на клиентите. Бидете едноставни, љубезни… слободно згрешете додека зборувате. Луѓето не сакаат кога некој се прави многу паметен, чувствуваат дека ќе бидат изиграни и ќе купат нешто што не им треба. Во ниеден момент не смеете на клиентот да гледате како на некој со помала вредност од вашата.

Преголемо его

Кога продавате нешто, потенцијалните купувачи треба да се чувствуваат како да се во центарот на вниманието. Тоа ве става во позиција да го потиснете вашето его и да им дозволите на клиентите “да бидат главни“. Прво, добијте го нивното внимание, а потоа погрижете се за останатиот дел од презентацијата. Дознајте што им треба, што точно бараат и обидете се да им излезете во пресрет со вашата понуда.