Зошто на претприемачите им е потребен ментор

22

board-784349_960_720

Фото: Pixabay

Неколку добри причини зошто на секој претприемач му е потребен ментор.

Искуство од прва рака

Искуството за сè во животот е многу важно. Токму затоа некој кој започнува бизнис за прв пат треба крај себе да има искусен човек кој веќе поминал низ претприемачкото искуство. Колку и да учите од други извори потребен ви е човек што може да советува од прва рака. Некои лични искуства се непроценливи и само кога имате ментор може да ги дознаете. Книгите најчесто не ја прикажуваат реалната слика во бизнисот.

Поголеми шанси за успех

Многубројни истражувања покажуваат дека доколку имате ментор шансите за успех за поголеми. Кога  некој стои зад вас и ве води каде што треба да одите, несомнено е дека успехот нема да изостане и ќе дојде за многу покусо време отколку ако сами се борите со сите предизвици.

Поголема емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција е многу важна за претприемачите. Бизнисот треба да биде ослободен од емоциите, односно еден претприемач не смее да си дозволи чувствата да надвладеат со него/неа. Разумот е тој што треба да ги донесува одлуките, а тука на сцена стапува менторот со соодветниот совет од сопствено емоционално искуство.

Контакти

Контактите се од исклучително значење за бизнисот, особено за оние кои за прв пат и без никакво искуство се обидуваат да се приклучат на претприемачката сцена. Еден успешен ментор има голем број на контакти кои ќе бидат од корист за претприемачот. Тие се повеќе од потребни за секој сегмент од бизнисот, а менторот ќе знае кога и како да ве поврзе со одредената личност.

Поставување на јасна цел

Менторот е тука за да ве води. Понекогаш ќе биде навистина тешко да се донесе одлука и затоа помошта од него/неа ќе биде неопходна и добредојдена. Желбите можат да се променат, амбициите да се свртат во друга насока. Животот се менува, па така и целта што претприемачот на почетокот ја замислил може да не биде иста по некое време. Ќе се случат многу нови работи и ќе биде тешко да го најдете вистинското решение, а водството од добар ментор ќе биде патоказ во тие моменти.