Зошто не напредувате во кариерата

15

skali

Фото: Pixabay

Зголемување на плата или барање на подобри услови за работа од претпоставените секогаш е тешко, но не би напредувале ако не се изборите сами за себе. Бидејќи поголемиот дел од времето го поминувате на работа со своите колеги, важно е да внимавате како се однесувате и да не ги иритирате со своите лоши работни навики. Лошите навики може да имаат големо влијание врз вашата кариера и долгоочекуваното унапредување.
Постојат неколку лоши навики што може да спречат напредок во кариерата, а можеби не сте ни свесни дека ги правите.

Премногу се фокусирате на долг рок

Важно е да имате долгорочна цел, но треба да внимавате и да не заборавате на сегашноста додека сте оптоварени со иднината. Ако се фокусирате на сегашноста, полесно ќе може да ги согледате можностите коишто ќе се појават пред вас и ќе бидете поотворени кон промените.

Не си го цените времето

Нема ништо лошо во тоа ако сакате да останете подолго на работа за да одработите нешто што не сте стигнале да го завршите претходно, но поставете јасни граници. Ако не ги поставите границите и останатите ќе престанат да го ценат вашето време. Научете да работите поефикасно, а не подолго.

Не разговарате за плата

Честопати луѓето размислуваат дека треба да бидат задоволни со тоа што имаат работа и плата, но тоа е погрешен став. Во разговорот за плата мора да знаете да ги истакнете вашите квалитети и самодоверба. Ако самите не ги цените и не верувате во своите вештини, тогаш нема ни работодавецот. Затоа, не се плашете самоиницијативно да побарате повисока плата.

Го чекате “вистинскиот“ момент

Ако знаете која е вашата работа од соништата не губете време и веднаш почнете да ги остварувате целите.

Се плашите од неуспех

Сите доживуваат неуспех. Ако знаете како да го прифатите, неуспехот може да ве направи многу посилни и да ве инспирира за понатамошен напредок и постигнување на цели.

Не прифаќате критика

Критиката е добар начин за напредок. Многумина не прифаќаат конструктивна критика, а тоа е лоша навика бидејќи работодавачот не сака работник кој постојано ги прави истите грешки. Затоа, слушајте ги внимателно упатените критики и утврдете како можете да се подобрите. Колку повеќе сè подобрувате, поголема е шансата да добиете унапредување.