Фото: Pexels
На Quora е поставено прашањето “Зошто помладите луѓе се покреативни?”, а одговорот е на Пол Кинг, невролог:
Децата имаат поактивна имагинација од возрасните, а младите луѓе помалку “патат” од веќе формирани шеми на размислување. Како што луѓето стануваат “добри во животот”, така развиваат навики на размислување што функционираат (даваат резултати, ги импресионираат луѓето, помагаат во тешки ситуации). Како што се акумулираат “техниките на мислење”, се случуваат три работи:
- Стануваме поефикасни и способни “да пливаме” без многу размислување.
- Ги прифаќаме општествените норми и начини на размислување, со што функционираме поефикасно со луѓето и општеството.
- Стануваме затвореници на сопствениот успех. Заглавуваме со тоа што работата нè прави поуспешни и помалку креативни.
Луѓето што работат креативни професии развиваат личен систем да останат креативни. Ова е избор на животен стил, пишува Inc.