Зошто САД доминираат на доделувањето на Нобеловата награда

24

Дури осуммина од добитниците на Нобелова награда оваа година се американски државјани, продолжувајќи го историскиот тренд поврзан со моќта на науката во Соединетите Американски Држави и нивната способност да ги привлечат најголемите светски таленти.

Откако беа доделени првите Нобелови награди во 1901 година, САД собраа 400, речиси трипати повеќе од Велика Британија и четирипати повеќе од Германија. Овие податоци вклучуваат луѓе кои потекнуваат од многу други земји.

“Навистина ги ценам можностите што ми се дадени во оваа земја“, рече Ардем Патапутиан, еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина во 2021 година за неговата работа за истражување на нервните рецептори поврзани со допир.

Американецот со ерменско потекло, кој израснал во Либан, го припишува својот успех на јавниот систем на Универзитетот во Калифорнија, каде што ги добил своите дипломски и докторски дипломи и Институтот за истражување Scripps, каде што работел дваесет години.

Универзитетот во Калифорнија е дом и на уште еден нобеловец во медицината, Дејвид Џулиус од Универзитетот во Сан Франциско.

Вработените на Универзитетот во Сан Франциско освоиле 70 Нобелови награди, нешто помалку од вкупниот број награди што ги освои Франција, на четвртото место во светот.

Темелни истражувања

Еден од годинешните добитници на Нобелова награда за физика, Сиукуро Манабе, кој имигрирал во Америка од Јапонија во 50-тите години и ја завршил научничката кариера со проучување на климатските модели во Принстон, Њу Џерси, им рече на новинарите дека можел да го прави она што го интересирало во САД, што било клучно за неговиот успех.

Еден од добитниците на наградата за хемија, Дејвид Мекмилан, се пресели во САД од Шкотска во 90-те години и исто така е професор на Принстон. Таму дипломираше и Американката со потекло од Филипини, Марија Реса, годинашна добитничка на Нобеловата награда за мир.

Наградата за економија во понеделникот ја поделија Американецот со канадско потекло Дејвид Кард, Американецот со израелско потекло Џошуа Ангрист, двајцата од Принстон и Американецот Гвидо Имбенс, роден во Холандија.

Финансирањето за темелни истражувања, или истражувања насочени кон подобрување на научните теории или разбирање теми, е во срцето на американските победи, изјави за AFP Дејвид Балтимор, еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина во 1975 година.

Сојузното финансирање на универзитетот беше координирано од Националната фондација за наука во 1950 година, но филантропијата и приватните донации, исто така, играат зголемена улога во финансирањето.

Наградување на млади луѓе и мигранти

Исто како што богатите земји со развиена спортска инфраструктура доминираат на меѓународни натпревари како што се Олимпијадата, САД се научна суперсила благодарение на тоа што е прва светска економија.

“Научникот, на пример, ќе има повеќе можности за вработување не само во академијата, туку и во индустријата, во владините лаборатории и на други места“, рече Ченг за AFP.

Марк Кастнер, професор по физика на МИТ, додаде дека американските универзитети имаат традиција да ги наградуваат талентираните млади научници со сопствени лаборатории.

“Во Европа и Јапонија, имате големи групи предводени од многу стар професор и дури кога ќе се пензионира, доаѓа помлада личност, и дотогаш таа веќе нема нужно да ги има најдобрите идеи“, рече тој.

“САД изградија феноменална култура на добредојде“, рече италијанскиот имигрант Стефано Бертуци, главен извршен директор на Американското здружение за микробиологија.

Меѓутоа, неодамна, тој и Кастнер изразија загриженост за растечките трендови на ксенофобија и национализам, што ги прави САД помалку атрактивна дестинација.

Ова особено важи за кинеските студенти, кои беа под лупа за време на поранешната администрација на претседателот Доналд Трамп под сомнение за шпионажа.