Зошто треба да се започне бизнис во 20-тите?

53

google

Фото: Google

Сите добро ги знаеме најуспешните претприемачи на нашето време. Но, да видиме колку години имал секој од нив кога го започнал милијардерскиот бизниз:

Основачите на Google: Сергеј Брин (25) и Лери Пејџ (25)
Основачите на Apple: Стив Џобс (21) и Стив Возниак (26)
Основачите на Microsoft: Бил Гејтс (20) и Пол Ален (22)
Основачот на Facebook: Марк Зукерберг (20)
Основачот на Wal-Mart: Сем Волтон (26)

Сите овие имаа само по дваесетина години кога ги основаа најуспешните компании на денешница. Ако се прашувате во што е тајната, дознајте подолу!

Нема што да се изгуби

Една од главните причини зошто овие млади претприемачи успеале да изградат успешна компанија е фактот дека немале што да изгубат. Повеќето од нив живееле во евтини студентски домови и се хранеле скромно. Во своите 20-ти претприемачот нема хипотека, нема автомобил и нема дефиниран животен стил кој треба да се одржува.

Од друга страна пак, искусен претприемач што започнува бизнис во поодминати години, може да изгуби се што дотогаш создал. Во таа фаза од животот тие се веќе навикнати на добра плата. Живеат на добро место, имаат удобен, може дури и луксузен автомобил. Кога неговиот/нејзиниот животен партнер помислува да започне нов бизнис, тој/таа ќе ја согледа реалноста дека се што дотогаш создале со нивниот труд, може да биде изгубено. Одеднаш помислата дека може многу да се изгуби, го кочи подвигот за нов бизнис, се прават милион пресметки, се бараат сигурни чекори и сиот план се сведува на ограничено размислување.

Скок во непознатото, без страв

Немајќи што да изгубат, младите претприемачи решението на проблемот го гледаат со сосема поинакви очи. Многу малку се ризикува. Немаат што да заштитат. Единствено нешто за што размилува младиот претприемач е да се најде најдоброто решение за проблемот. За среќа тие имаат доволно енергија за секој нареден потфат.

“Никогаш не земав слободен ден во моите 20-ти. Ниту еден.” – Бил Гејтс.

И за крај, со тоа што младите претприемачи не се врзани за работно место, имаат свеж, отворен поглед кон нештата, ослободен од бизнис нормите, што често ги има кај искусните претприемачи. Токму поради тоа нивните решенија се нови, иновативни и ги поместуваат границите на возможното.

Ако сте во вашите 20-ти…

Направете го тоа, прифатете го предизвикот. Никогаш нема да има подобро време за да го остварите бизнис сонот. А во случај да не успеете, искуството ќе ви биде одличен патоказ за во иднина.