Фото: Pixabay
Едно од прашањата кои работодавачите ги поставуваат на интервјуто за работа е поврзано со животните навики. А прашањето е: “Што читате“?
Читањето го зголемува капацитетот за емпатија и стратешко носење на одлуки. Заедничка навика на успешните личности е читањето. На прашањето што е клучот за успех, еден од најбогатите личности и инвеститори во светот Ворен Бафет, го наведе читањето на книги. Поголемиот дел од времето во денот тој го поминува во читање на книги. Бил Гејтс чита 50 книги годишно, Марк Цукерберг чита книги на секои две недели, а кога Елон Маск беше прашан од каде знае да прави ракети, тој одговори дека чита книги.
Успешните луѓе имаат селективен однос кон она што го читаат и најчесто избираат биографии и автобиографии од кадешто ја црпат инспирацијата. Биографиите помагаат да видиме како големите умови размислуваат и со што се соочувале на патот до нивниот успех.
Поранешниот дизајнер на брендот Air Jordan и основач на академијата за дизајн на обувки Pensole, Двејн Едвардс вели дека својот успех го должи на инспиративната биографија на бејзбол играчот Џеки Робинсон.
“Она што мене ми одговараше беше тоа што Џеки не беше најталентиран играч. Не станува збор само за неговата физичка способност, туку и за менталната сила. Беше потребно да издржи повеќе од другите играчи и тоа го научив од него“, вели Едвардс.
Илон Маск инспирацијата ја бара во биографиите на големите иноватори и претприемачи како Хауард Хјуз, Бенџамин Френклин, Алберт Ајнштајн, и Никола Тесла.