ЗПММ: Дигитализацијата ќе згасне многу ТВ станици

30

zpmm 1Здружението на приватните медиуми на Република Македонија стравува дека дигитализацијата ќе биде голем трошок и можен крај за работата на многу телевизиските станици, кои нема да имаат доволно пари за опстанок на пазарот.

“Ова особено се однесува на локалните телевизии кои сосема оправдано стравуваат дека ќе престанат да работат со згаснувањето на аналогниот сигнал. Сумата од околу 20.000 евра по телевизија, на што се додаваат и месечните трошоци од неколку стотини евра за трансфер на сигналот и побараната опрема за дигитализација на сигналот која чини над 10.000 евра ќе бидат несовладлива пречка за огромен дел од ТВ станиците. Во овој момент и со овие цени дигитализацијата е преголем залак за телевизиите и економски е неоправдана и сосема неприфатлива”, велат од ЗПММ.

Покрај веќе актуелизираните проблеми со авторските права, ова е само уште еден удар врз македонските медиуми кои и така се наоѓаат во незавидна финансиска и исклучително тешка материјална состојба, велат од Здружението.