Facebook најавува нова апликација Home за Android, која ќе го олесни споделувањето на статуси, слики и информации, односно ќе ги стави луѓето пред програмите.
Во текот на претставувањето на новиот производ Марк Зукерберг потенцираше дека не станува збор за телефон, ниту за ОС, туку за нешто многу подлабоко од обична апликација.
Станува збор за поопширно интегрирање на филозофијата на Facebook, во еден телефон во облик на Facebook Home, каде homescreen-от и lockscreen-от ќе имаат вчитана содржина од Facebook во позадина која ќе биде постојано прикажувана. Се што треба да направите е да го допрете екранот два пати, ако сакате нешто да лајкнете. Така ќе можете да ја коментирате содржината директно од home екранот.
“Сакаме се да се врти околу луѓето, а не околу програмите. Сакаме да го направиме најдоброто за сите луѓе на сите телефони. Не правиме телефон или оперативен систем. Во Home, светот го гледате низ луѓето, а не низ програмите.”, изјави Зукерберг за време на преставувањето на Home за Android.
Нотификациите ќе бидат прикажувани со сликите од профилите на вашите пријатели. Cover Feed е почетен екран, кој во целост ќе ги прикажува сликите на вашите пријатели и нивните статуси. Facebook Home ќе биде достапен и за таблетите, не само за смарт телефоните.