🎥Градат чудо во Норвешка: Супертунел со два кружни текови “расте“ педесет метри под морското дно…

Тунелот Рогфаст ќе се протега од Рандаберг до Бокн, поврзувајќи го Ставангер со Берген на патот Е39. Кога ќе биде завршен следната деценија, ќе го скрати времето на патување помеѓу градовите за 40 минути. Тоа ќе биде најдолгиот и најдлабокиот подводен патен тунел во светот.

Супертунелот долг 27 км ќе биде глобално чудо, ќе се протега речиси 400 метри под површината на морето и ќе биде оддалечен најмалку 50 метри од морското дно. За разлика од Fehrman Link, која се гради во исто време помеѓу Данска и Германија и која е оддалечена еден километар од Рогфаст, Норвежаните ќе дупчат карпи под морето.

Се проценува дека тунелот ќе чини околу 40 милијарди евра кога ќе биде завршен. Денес, целата област е поврзана со траект.