
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ претстави нов авион за кој велат дека е „подготвен да ја освои последната граница на патувањето на долги релации“, односно беше претставен модел на авионот кој има можност да лета до 22 часа, што ќе овозможи дури и најдолги комерцијални летови, без застанување.
Моделот „Ербас А350-1000ULR“ е составен и ќе биде префрлен во нов хангар каде што ќе бидат инсталирани мотори и инструменти за тестирање, кое ќе се спроведе во 2026 година.
Овој модел ќе може да го поврзе источниот брег на Австралија со Лондон и Њујорк, директно и без поврзување, што би се сметало за најдолги комерцијални летови. Покрај тоа, летовите на овие рути би биле пократки за четири часа во споредба со постојните линии за поврзување.
Толку долг лет, долг дури 22 часа, беше овозможен со подобрени системи и дополнителен резервоар за гориво од 20.000 литри. Покрај тоа, кабината е целосно редизајнирана со помал број седишта (238 наместо типичните 300+), сè со цел удобност за патниците за време на долгите патувања.
Првиот од вкупно 12 нови авиони ќе биде испорачан кон крајот на 2026 година, а комерцијалните летови со овој авион треба да започнат во првата половина на 2027 година.











