
„Алкалоид“ денес е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери. Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит.
Тука и сега работиме со посветеност, градиме и создаваме за генерациите што доаѓаат.
На прагот на годината во која одбележуваме 90 години од основањето на „Алкалоид“, би сакал да им оддадам почит на позитивните вредности што ги поврзуваат нашето минато, сегашноста и иднината.
Со искрена верба посакувам и натаму да продолжиме да ја градиме нашата успешна приказна заедно, со посветеност, визија и заедничка одговорност, вели во обраќањето до вработените Генералниот директор/Претседател на Управен одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов.
Во продолжение видео обраќањето на Генералниот директор/Претседател на Управен одбор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов











