
Според податоците достапни на веб-страницата на Јавното претпријатие „Државни патишта“, моменталната состојба на граничните премини може да се следи во реално време. На граничниот премин „Богородица“, кој води кон Грција, се забележуваат долги колони возила што чекаат за излез од државата. Зголемената гужва на овој премин, како и на некои други, се должи на неработниот ден по повод празникот 1 Мај, кога многу граѓани се одлучуваат за патување надвор од земјата. Од друга страна, на останатите гранични премини од македонска страна не се евидентирани поголеми задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.













