🎥Xiaomi го собори рекордот на Porsche

147

Кинескиот електричен автомобил “Xiaomi SU7 Ultra” е новиот рекордер за електрични автомобили со четири врати на патеката Нирбургринг Нордшаф.

Претходно оваа година, “Porsche Taycan Turbo GT” го постави рекордот на Нирбургринг (7:07 минути) за најбрз автомобил со четири врати. Сега “Xiaomi” објави дека го надмина тој резултат со новиот прототип на електричен автомобил “SU7 Ultra”. “Xiaomi” успеа да постигне спектакуларно време додека кругот го помина за 6 минути и 46,874 секунди.

Новиот “Xiaomi Ultra” има 1548 коњски сили и забрзува од 0-100 км/ч за 1,97 секунди. Максималната брзина е 350 км/ч.

Ова е всушност прв обид на прототипот на Нирбургринг.

„Ова е чудо, но и нов почеток“, велат од “Xiaomi”.

Се вели дека рекордот го поставил британскиот возач Дејвид Питард, кој победи на трката 24 часа Нирбургринг минатата година.

Сериската верзија на моделот “Xiaomi SU7 Ultra” ќе биде лансирана на пазарот во првата половина на 2025 година.

На прв поглед се чини дека прототипот сè уште е далеку од сериски автомобил, со агресивни спојлери, спуштена каросерија, намалена маса …

Во секој случај, ова ја покажува способноста на Кинезите да изградат супербрз електричен автомобил за патеката.

Фото: Facebook