📈Kоја земја троши најмногу енергија за ладење во Европа?

Во Европската Унија, Италија е лидер во потрошувачката на енергија за ладење, со 26,3 илјади тераџули (TJ), по што следуваат Шпанија со 14,3 илјади TJ и Грција со 11,9 илјади TJ, според податоците на Евростат за 2024 година.

Вкупната потрошувачка на енергија за ладење во ЕУ се дуплирала во периодот од 2018 до 2024 година, од 40,5 илјади TJ на 80,4 илјади TJ, објавува Аднкронос.

Во тој период, потрошувачката растела речиси секоја година, со исклучок на 2020 година, кога е забележан пад од 2,5 проценти, и 2023 година, кога се намалила за 1,9 проценти во споредба со претходната година, објавува Танјуг.

Кога станува збор за уделот на енергија што се користи за ладење на домаќинствата, Кипар и Малта водат со 16 и 15 проценти од вкупната потрошувачка на енергија, соодветно. Следат Грција со 7,4 проценти, Шпанија со 2,5 проценти и Италија со 2,3 проценти.