📈Промени во акционерската структура на „Реплек“

Акционерот Владимир Пецовски се стекна со нови 25 акции во „Реплек АД Скопје“, информираа од компанијата преку Македонска берза.

Со оваа последна трансакција, Пецовски сега поседува вкупно 16.600 акции, со што неговиот сопственички удел во фармацевтската компанија изнесува 6,4%.

Промената кај акционерите со значителни удели е објавена согласно правилата за котaција на Берзата.