
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во јуни 2026 година изнесува 408 045 МWh, што претставува 91.3 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Во јуни 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
446 814 МWh електрична енергија, 4.077 мил. нм3 природен гас, 264 691 тони јаглен и 102 557 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во јуни 2026 година во однос на јуни 2025 година:
- Потрошувачката на природен гас бележи пад од 51.1 % кој се должи на неактивноста на топлинските постројки.
- Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 1.1 %











