📽Повеќе од 3.000 го нарачале првиот летечки автомобил: Се знае кога почнува производството

206

Калифорниската компанија Alef Aeronautics најави дека наскоро ќе започне со производство на првиот летечки автомобил.

Alef го претстави летечкиот автомобил Alef Model A на почетокот на оваа година на огромен интерес, а сега објавија дека примиле повеќе од 3.200 нарачки, што е доста ако се земе предвид дека моделот чини околу 300.000 долари.

PUCARA Aero и MYC со искуство во производство на делови за Boeing и Airbus започнаа заедничко вложување и потпишаа договор за производство на делови за Alef. Првите примероци на овој летечки автомобил треба да бидат произведени до крајот на следната година.

Калифорниската компанија, која е поддржана и од Space X, го претстави Model A на почетокот на годината Станува збор за двосед кој во режим на патнички автомобил функционира како електричен автомобил опремен со четири електромотори.

На долната страна има осум пропелери, а во режим на летање кабината се ротира за 90 степени, па предниот и задниот дел на возилото служат како крило. Според најавите на производителот, автомобилот треба да помине до 320 километри на пат и до 180 километри во воздух.