🌐 93,7% од Македонците користат интернет, а 81% купуваат онлајн

Во првото тримесечје од 2026 година, дури 93,7 проценти од македонската популација на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, додека 91,2 проценти од домаќинствата имале стабилен интернет пристап од дома, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Дигиталните навики се длабоко вкоренети во секојдневието, па така 81,2 проценти од граѓаните пристапуваат на мрежата повеќепати во текот на денот.

81.2 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.

Во 2026 година при користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците: 

  • Најголемо учество од 93.5 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (преку веб-камера; употребата на апликации, на пример, Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat)
  • Најголемо учество од 88.4 % има размената на пораки, на пример, преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber