📽Која е приказната зад една од најпознатите фотографии во историјата

154

Една од најпознатите фотографии на 20 век е направена  во 1932 година. Станува збор за работниците кои работеле на изградбата на Рокфелер центарот во Њујорк.
Фотографијата брзо стана главен дел од маркетинг кампањата на идниот центар.

Станува збор за работници кои беа претежно доселеници, а добија посебна можност да работат на овој проект каде платите беа многу високи.

Главна причина за високите плати е тоа што навистина морале да внимаваат во текот на секој работен ден за да не умрат на градилиштето, објави Индекс.хр.

Храбрите работници, кои претежно доаѓаа од Италија и Ирска, веќе беа навикнати на височини, па можеа да позираат за ваква фотографија.

Кој им ги фотографираше?
Не знаеме кој всушност ја сликал тој ден. Главните кандидати се Чарлс Ебетс, Томас Кели и Вилијам Лефтвич. Кели и Летфвич се пријавиле да работат на градилиштето тој ден. Ебетс не. Сепак, неговото семејство тврди дека токму тој ја направил оваа фотографија. Без разлика на авторот, фотографијата остана запаметена во историјата.

Објавен е во весникот „Њујорк Хералд Трибјун“, а на крајот на месецот се најде и на насловната страница на магазинот „Тајм“.

Центарот Рокфелер бил изграден дури во 1939 година, а неговата изградба помогнала да се стимулира економијата која се опоравува од Големата депресија. Вработуваше вкупно 250.000 луѓе.