1 милион продажби: Електричните автомобили се движат кон месечен рекорд

13

Глобалната продажба на електрични возила се зголеми за 61% во јуни на 778.000 единици на годишно ниво, пренесува Clean Technica. Ова е најсилниот прв месец во кварталот за продажба на ЕВ досега, и голема е веројатноста дека во септември електричните автомобили за прв пат во историјата ќе ја поминат границата од 1 милион продажби.

Во јули, уделот на електричните автомобили достигна 14% од вкупната продажба, вклучувајќи ги и целосно електричните и plug-in хибридите.

Електричните возила со батерии учествуваа со 10% од вкупниот пазар во предметниот месец. Нивната продажба е зголемена за 73% на годишна основа во споредба со 36% за plug-in хибридите. Со исклучок на продажбата во Кина, plug-in хибридите всушност забележаа пад од околу 20% од истиот месец во 2021 година.

Многу е веројатно дека пазарот веќе го поминал врвот на продажбата на plug-in хибриди.

Од почетокот на годината до крајот на јули, уделот на електрични возила во светот достигна 12%, од кои 8,9% се целосно електрични автомобили.

Во однос на моделите, лидер е кинескиот BYD Song Plus со 37.784 продажби, потоа Wuling HongGuang Mini со 38.129 продажби и Qin Plus, повторно од BYD, со 29.829 продажби.

Глобалниот лидер Tesla Inc. е само четврти со својот Model Y, чија продажба достигнува 29.929 единици. Петти е Han на BYD со 25.293 продажби, следен од Dolphin и Yan Plus, двата BYD, со 20.546 и 19.295 продажби соодветно.

Осми е ID.4 на Volkswagen со 19.035 продажби. Деветтото и десеттото место им припаѓаат на Tesla Model 3 (17.246 продажби) и GAC Aion Y (12.530 продажби).

Сликата е малку поинаква за првите седум месеци од годинава. Tesla го предводи патот со Model Y со 344.928 продажби, следен од Wuling HongGuang Mini со 244.961 продажби и Tesla Model 3 со 236.518 продажби. BYD доминира на следните три места со Song Plus, Qin Plus и Han, по што следи ID.4 на VW на седмото место со 82.632 продажби.

Во однос на брендовите, јулски лидер е BYD со 160.061 продажби, потоа Tesla со 52.084 продажби и Volkswagen со 46.400 продажби.