10 најголеми грешки при започнување бизнис

28

start-business

Фото: Pixabay

Ако имате намера да започнете свој бизнис, пред да го сторите тоа, прочитајте кои се најчестите грешки кои ги прават претприемачите. Секоја од нив може да го саботира вашиот бизнис и наместо успех, да доживеете вртоглав неуспех. Бизнис порталот The Balance советува за 10-те најголеми грешки при започнување бизнис:

Немате подготвено бизнис план

Бадијала да имате брилијантна идеја ако не ја преточите во бизнис план. Точно е дека пишувањето на бизнис планот одзема многу време и бара многу истражување, но сепак инвестираното време и енергија сега ќе ви спаси многу време и пари подоцна.

Го правите она што го сакате

Теоретски звучи одлично, ама во пракса е неизводливо. Не правете го она што го сакате, туку она во кое сте вешти и за кое мислите дека ќе бидете (добро) платени.

Не правите претходно истражување на пазарот

Голем дел од луѓето кои започнуваат бизнис го занемаруваат истражувањето на пазарот и потоа се чудат зошто им пропаднал бизнисот заедно со сите пари и време кои ги вложиле во него. Затоа, клучно е да ги тестирате продуктите или услугите уште пред да започнете бизнис. Ако не го сторите тоа, не можете да знаете дали ќе им се допаднат на луѓето или дали ќе сакаат да ги купат.

Ја игнорирате конкуренцијата

Уште една фатална бизнис грешка. Пред да отворите бизнис треба добро да проучите колку вашите конкуренти се застапени и успешни на конкретниот пазар и дали всушност има место и за вашиот бизнис таму.

Ги занемарувате вашите силни и слаби страни

Точно. Сите ги имаме. Но пред да почнеме бизнис треба да провериме дали нашите силни или слаби страни се на иста линија со бизнисот. На пример, ако сте срамежлива личност, продажбата не е за вас. Или, пак, ако сте хиперактивна личност, нема долго да издржите во канцеларија затворени помеѓу четири ѕида.

Не ви е јасно што точно продавате

Не заборавајте дека не го продавате производот, туку вредноста на тој производ. На пример, не продавате крем за лице, продавате убавина.

Не сте сигурни дали имате доволно пари

Токму затоа 95% од новоотворените бизниси нема да имаат заработувачка при нивниот старт. За ваков чекор мора претходно да бидете спремни и финансиски. Ако веќе ги немате парите, секогаш може да се одлучите за некој од многуте на старт ап грантови.

Не вложувате во маркетинг и промоција

Грешка е да мислите дека штом започнете бизнис, веднаш сите ќе дознаат за тоа. Голем дел од луѓето нема ниту да слушнат за вашиот бизнис доколку не го промовирате. Затоа, голем дел од компаниите кои го сфатија тоа, почнаа да вложуваат повеќе пари во маркетинг и да остваруваат повеќе профит. Секако, овде се и социјалните мрежи на кои можете бесплатно да се рекламирате.

Заборавате на дигиталнот маркетинг

На еден или друг начин, вашиот бизнис мора да биде присутен и на интернет. Можеби нема да мора да  отворите своја веб страница, но ќе биде повеќе од потребно да користите Facebook и Linked In за да го промовирате.

Се обидувате се да направите сами

Сфатете – не можете. Дури и да водите мал бизнис, ќе имате толку многу обврски што ќе не знаете од каде да почнете. Колку и да сме вешти во одредена работа, сепак не можеме сè да постигнеме сами. Побарајте помош. Објавете оглас за соработници. Инвестицијата во човечки ресурси секогаш се исплаќа.