
Јапонскиот производител на автомобили „Тојота мотор корпорејшн“ денес објави дека во септември регистрирал трет последователен месечен пад на глобалната продажба и производство на возила, под влијание на послабите резултати во Кина и Блискиот Исток.
Глобалната продажба на „Тојота“ се намали за 2,2 проценти во споредба со септември минатата година, на 860.107 возила, додека производството се намали за 3,2 проценти, на 889.079 автомобили, објави „Ројтерс“.
Податоците го вклучуваат и луксузниот бренд „Лексус“.












