
Континуираното инсистирање на европските земји да го отфрлат евтиниот руски гас е кратковидо, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа тешко дека е мудра позиција. Просперитетот и конкурентноста на европската економија во голема мера се темелеа на евтини енергетски ресурси од Русија, на евтиниот гас од гасоводот. Сега тие ја сечат гранката на која седат. Дали е ова далекувидо? Дефинитивно не“, изјави Песков за весникот „Известија“.
Одговарајќи на пораките од Европа дека никогаш нема да купат гас од Русија, Песков оцени дека зборот „никогаш“ не може да биде присутен во меѓудржавните односи.
„Економската состојба се влошува во Европа, европската економија стагнира. Јасно е дека таму има многу резервен капацитет, но во исто време, некои германски граѓани не се навистина навикнати да ја напуштат својата зона на удобност, а сега се принудени да го сторат тоа“, смета Песков.











