10 необични професии што се добро платени

61

kruzer

Фото: Pixabay

Познато е дека лекарите, адвокатите и извршните директори во Америка имаат големи плати. Но, постојат работи кои не се толку многу вообичаени и чести, а носат добра заработка.

Комбинирајќи ги статистиките на Mинистерството за труд и податоците од книгата Odd Jobs: How to Have Fun and Make Money in a Bad Economy на Абигејл Геринг, Forbes направи листа на 10 необични професии кои се многу добро платени.

“Ако сте паметни и трудољубиви, можете полесно да ги преминете препреките на патот кон успехот. Необичните професии можат да ви донесат добра заработка, но често бараат голема креативност, посветеност и подготвеност за преземање на ризик. Како и во секој бизнис, треба да имате сенс за работите, но и среќа. Можете да си бидете сам свој шеф и сами да си одредувате работното време. Има луѓе што сакаат малку да си го зачинат животот, па ако можат да заработат пари работејќи нешто возбудливо и необично, зошто да не?”, пишува Геринг.

Еве кои се тие професии:

Човек кој ги средува или балсамира телата во мртовечница

Просечна плата – 43.680 долари годишно

Продавач на хот дог во подвижна количка

Просечна плата – од 30.000 до 100.000 долари годишно

Личен купувач

Просечна плата – од 25.000 до над 100.000 долари годишно

Менаџер за организација на погреб

Просечна плата – 79.930 долари годишно

Пробувач на сладолед

Просечна плата – 56.000 годишно

Ловец на таленти

Просечна плата – од 250 до 10.000 по извршена задача

Генетски советник

Просечна плата – 55.820 долари годишно

Манекен во излог/човечка статуа

Просечна плата – преку 100 долари за час

Модел за делови од телото

Просечна плата – од 20 до 1.000 долари за сесија

Забавувач на крузери

Просечна плата – 3.000 до 4.500 долари месечно, плус сместување и храна