Оксфам: Најбогатите испуштаат повеќе CO2 од речиси половина од светската популација

Најбогатите 0,1 процент од светската популација, група од околу осум милиони луѓе, испуштаат повеќе јаглерод диоксид од речиси половина од населението на планетата, според новиот извештај на меѓународната организација Оксфам.

Според тој извештај, влијанието на екстремно богато лице врз климатските промени и екстремните временски настани е речиси 400 пати поголемо од влијанието на поединец од посиромашната половина од светската популација, објавува NL Times.

Оксфам, исто така, предупредува дека најбогатите не само што придонесуваат за климатската криза, туку можат да остварат и профит од нејзините последици, преку инвестиции во компании кои учествуваат во реконструкцијата на областите погодени од природни катастрофи.