Фото: Pixabay
Не знам дали сте го гледале филмот Светска војна З (World War Z)?! Но, во еден момент, се прикажува дека поради тотално нелогичниот, целосно вон сите стандарди и практики, предлог на еден човек во групата, светот се спасува (Брус Вилис момент).
Во суштина, станува збор за една еврејска доктрина наречена 10-от човек. Што подразбира тоа? Во критични (комплексни) ситуации, ако девет луѓе располагајќи со исти информации дојдат до ист заклучок, должност на 10-от човек е да биде контра. Односно, негова задача, без оглед на тоа колку и да звучи невозможно, е да размислува каде би можело другите девет да грешат!
Дали сте вие понекогаш 10-от човек или контрашот? Односно, дали може да се искористи овој пристап во нашата работа, со цел да се донесе корисна и правилна одлука? Секако дека може, но голема мудроста е да знаете дали и кога да се спротивставите на сите, а кога да попуштите. Тоа е една и од најважните вештини на еден менаџер или деловен човек, вештина на донесување одлука! Во спротивно, ако сте само “контраш” и секогаш имате спротивно мислење (без некоја вистинска основа), тогаш тоа не само што нема да биде продуктивно за работата и за тимот, туку може да биде и многу деструктивно (за себе, другите и за работата).
Во кој случаеви да се биде 10-от човек?!
- Кога имате знаење и искуство: доколку од вашето претходно искуство знаете дека нешто може или не може да функционира, без оглед на мислењето на другите, треба да го браните (аргументирате) вашиот став.
- Титула: понекогаш самата титула (ако сте менаџер/претприемач) ви налага да бидете 10-от човек. Ваша задача е да ги слушнете коментарите и на вашите колеги, да ги земете предвид нивните мислења, но понекогаш да донесете одлука која е тотално спротивна на нивната. Сите оние претприемачи што ги читаме во книгите, сигурно често ја имале улогата на 10-от човек.
- Кога ја преземате одговорноста: доколку ја имате контролата, подготвени сте да застанете цврсто на вашиот став и да ја преземете одговорноста, земајќи ги предвид последиците (кон работата и колегите), во тој случај некако оправдано ми е да се борите до крај.
- Нестандарден проблем: со цел да решите некој нестандарден проблем, потребен ви е нестандардно решение. Со цел да го добиете тоа решение, вие мора да размислувате надвор од кутијата, надвор од матрицата. Единствен начин е да одите контра на другите со логични одговори.
- Кога ги барате дупките во некоја одлука: доколку некогаш идете спротивно на некоја одлука, може да ги испровоцирате другите, да размислуваат каде може да има слабости таа одлука.
- Кога имате силна интуиција: ако вашата интуиција ви кажува дека тоа е вистинскиот пат, следете го. Е сега, треба да се направи разлика помеѓу “интуиција” и “ЕГО”. Односно, да оцените дали ви зборува интуицијата или вашето его?!
Бидете 10-от човек, но бидете мудри и знајте кога да се откажете и/или прифатите некој предлог.
Ако имате прашање за Петар Лазаров, можете да го поставите на Бизнис советник.