Фото: Pixabay
Останувањето без работа може да биде најтешкото искуство со кое ќе се соочите, но не е секогаш најлошата работа што ќе ви се случи во кариерата. Отказот не е секогаш причина за депресија. Некогаш е вовед во авантура, ново работно место или позиција кои ќе ви го сменат животот. Ние за денес избравме 10 среќници кои добиле отказ, а потоа станале богати и славни.
Волт Дизни
Во 1919 година, Дизни добил отказ од Kansas City Star. Според неговиот уредник, “му недостигала имагинација и немал добри идеи”. Но тоа не е последен негов неуспех. Студиото за анимација Laugh-O-Gram го доведе до банкрот. На крај, се одлучува да се пресели во Холивуд и со својот брат започнуваат да продуцираат успешни цртани серии.
ЏК Роулинг
ЏК Роулинг работела како секретарка во канцеларијата на Amnesty International во Лондон, но сонувала за тоа да стане писател. Тајно пишувала приказни за младиот волшебник Хари Потер на компјутерот на работа, но ја откриле и и ја покажале вратата. Со чекот од отпремнината преживувала неколку години и се одлучила да се фокусира на пишувањето. Сега е мулти-милијардер, автор на една од најуспешниот серијал книги на сите времиња.
Мајкл Блумберг
Мајкл Блумберг бил партнер во инвестициската банка Salomon Brothers. Во 1998 година ги купува компанија која на крајот стана Citigroup. Блумберг е отпуштен, но добил прилично дебел чек, со кој започнува свој бизнис – компанија за финансиски услуги. Денес тој е 18-ти најбогат човек во САД и градоначалник на Њујорк.
Ана Винтур
Уредникот на Vogue, Ана Винтур ја започнува кариерата во Њујорк како помлад моден уредник во Harper’s Bazaar. Таа направи револуција со своите иновативни снимки, но уредникот Тони Мацала мислел дека се премногу остри. По девет месеци, добила отказ. Отпуштањето од работа и било големо животно искуство од кое научила многу. “Ви препорачувам сите да добиете откази”, им рекла на студентите. Брзо откако излегла од Harper’s, станала уредник на Viva.
Мадона
Кога го напуштила училиштето и се преселила во Њујорк во потрага по слава, Мадона имала тежок почеток. Почнала да работи во Dunkin’ Donuts, но не успеала да издржи ниту еден ден. Менаџерот ја отпуштил откако врз муштерија истурила желе. Пред да стане позната на музичката сцена во 1979 година, работела во неколку ресторани за брза храна како келнерка. Како што подоцна вели, од секогаш знаела дека еден ден ќе биде ѕвезда.
Опра Винфри
Репортерот Опра Винфри не можела да не ја внесе својата емотивност во сториите за вечерните вести. Продуцентот на балтиморската WJZ-TV и рекол дека не е соодветна за ТВ вести и ја повлекол од етерот. За утеха и понудил работа во дневно ТВ шоу. На почетокот, Опра била многу разочарана. Во тоа време, дневната програма била големо уназадување по вечерните вести. Подоцна шоуто People are talking станува хит.
Џери Зајнфелд
Џери имал мала улога во ситкомот Бенсон, но на продуцентите не им се допаѓало како глуми. Го отпуштиле по само три епизоди. За жал, никој не му јавил дека е отпуштен, па кога се појавил на снимање, дознал дека неговата улога ја нема во сценариото. Се чувствувал понижено, но веднаш почнал да настапува во клубови како комичар. Една вечер, во публиката бил ловец на таленти за The Tonight Show. Од таа вечер, кариерата на Џери зема сосема друг правец.
Труман Капот
Капот го напуштил средното училиште за да работи на копир машината во The New Yorker. Сонувал да објават нешто негово во овој престижен магазин. Две години подоцна Капот присуствувал на поетско читање на познатиот Роберт Фрост. Но поради тоа што бил настинат, не се чувствувал добро и си заминал на среде читање. Фрост бил многу навреден. Знаел каде работи момчето и барал од магазинот да го отпуштат. Потоа Капот почнал да пишува кратки раскази за магазини како Harper’s Bazaar и Mademoiselle. Неколку години подоцна ја објавува својата прва новела.
Роберт Редфорд
Како тинејџер, Роберт Редфорд работел за Standard Oil, кога надредениот го нашол како спие на работа. Наместо да го избрка од работа, го преместил на друга позиција, но Редфорд и понатаму бил неодговорен. Откако скршил неколку пакети стаклени шишиња, добил отказ. Тоа го натерало да го следи својот сон. Се запишал на Универзитетот во Колорадо, а потоа се преселил во Њујорк за да стане актер.
Ли Ајакока
Ли Ајакока стигна до врвот во Ford Motor, но не можел да најде заеднички јазик со тогашниот извршен директор Хенри Форд Јуниор. По низа неискористени и лоши идеи, Ајакока добива отказ. Но, брзо потоа го ангажираат од Chrysler, кој бил пред пропаѓање. Ли зема голем кредит од владата и го искористува да ја спаси компанијата. Неколку од неискористените идеи во Ford ги носи во Chrysler. На чело на компанијата остана до 1992 година и беше заслужен за нејзино издигање од пропаст.