10 причини поради кои можат да ве напуштат вредните и талентирани работници

166

kako-da

Фото: Pixabay

Иако повеќето работодавци веруваат дека талентираните работници се задоволни со својата положба во компанијата, истражувањето што го спроведе Форбс покажа дека преку 30% од вработените веруваат дека следната година ќе работат на друго место. Преку 40% од испитаниците не го почитуваат својот надреден, а преку 50% имаат различни вредности од работодавецот. Преку 60% од анкетираните сметаат дека нивните кариери и цели не се во согласност со оние што им ги наметнуваат надредените, а преку 70% не чувствуваат дека работодавецот ги почитува.

Резултатите на истражувањето покажуваат дека работодавците треба да ги преиспитаат своите уверувања. Работниците кои доброволно си заминуваат од компанијата си одат затоа што не успеале да се поврзат со претпоставените. Факт е дека вработените што се наградувани, што сметаат дека работодавачот ги почитува и се ангажира околу важни работи, поретко си заминуваат од компаниите.

За да избегнете да ви заминат талентираните и вредни работници, прочитајте каде можете да погрешите. Форбс нуди 10 причини поради кои талентираните вработени ги напуштаат работодавците:

1. Не сте дозволиле да се ослободат нивниот талент и страсти

Паметните компании ја воочуваат страста на вработените кон одредена тематика и го ускладуваат тоа со корпоративните цели и акции. Ако не дозволите развој на овие таленти, големи се шансите дека вашите вработени ќе заминат онаму каде што ќе можат да покажат колку навистина вредат.

2. Не сте го поттикнале нивниот ум

Паметните луѓе не сакаат да живеат во затворена и органичена средина. Ако не го предизвикате нивниот интелект, ќе ве остават поради оние кои се подготвени да го сторат тоа.

3. Не сте ја поттикнале нивната креативност

На секоја креативност и треба место за напредок, развој и подобрување. Таквите луѓе треба да бидат вклучени во дизајн. Нив не треба да ги затворате во дадени рамки, туку да им дозволите да внесат промени во монотонијата.

4. Не сте работеле на развој на нивните способности

Колку и да е некој талентиран или паметен, треба да се развива и да созрева во својата работа. Ако го ограничите нивниот развој, ќе заминат онаму каде што ќе им се укаже можност за тоа.

5. Не сте ги слушале

Талентираните луѓе имаат добри идеи и забелешки. Обидете се да ги сослушате, затоа што ако не можете вие, може некој друг.

6. Не сте им обрнувале внимание

Се разбира дека луѓето одат на работа пред се да заработат пари за живот. Но, ако немате слух за нивните емоции, со време ќе одат онаму каде што мислат и на тој сегмент во работењето, без разлика колкава плата им нудите.

7. Лош лидер сте

Не пропаѓаат дејности, производи и проекти, туку лидери. Најдобар доказ за тоа е отсуствотот на надреден во компанијата. Кога го нема, компанијата и понатаму функционира, а работата си тече. Ако не се поставите како добар лидер, работниците ќе бараат некој друг да ги води.

8. Не сте го признале нивниот труд

Најдобрите лидери не ги земаат заслугите за себе, туку им ги припишуваат на вработените. Не признавањато на туѓиот труд, освен што е крајно нечувствително и арогантно, е и најдобар начин да ги избркате на друго место.

9. Не сте ја зголемиле нивната одговорност

Луѓето со задоволство ќе прифатат повеќе одговорност и работа затоа што тоа значи дека сте ја забележале нивната важност како поединци, а не само како број на хартија.

10. Не ги исполнувате дадените ветувања

Ако нешто ветите, тогаш исполнете го. Ако ја уништите довербата меѓу вас како лидер и вработениот, ќе ја загубат довербата во вас и едноставно, ќе си заминат.