10 работи што се поважни од парите

32

sreka

Фото: Pexels

Неодамнешна анкета на меѓународната социолошка агенција Gallup ја покажа директната зависност на финансиската состојба на луѓето и нивната среќа. Анкетата покажа дека колку е поголем бруто домашниот производ (БДП) на земјата, толку посреќни се нејзините жители. Кажано со други зборови, парите носат среќа. Но, експертот за продажба Џефри Џејмс има друга интерпретација на оваа зависност. Според него, може да се направи спротивен заклучок – дека среќните луѓе заработуваат повеќе. Покрај тоа, смета тој, ако сакате да ги имате и двете, најдобро е прво да почнете со среќата, тоа се постигнува многу полесно.

Има многу работи што се повредни од парите, кои ако ги имаме и ако ги цениме правилно, ќе не направат среќни. Џефри Џејмс сподели неколку од нив за Inc.com.

Живот

Лесно забораваме дека едноставниот факт за свесно постоење, фактот дека сме живи, сам по себе е чудо. Една поговорка вели “Секој ден на Земјата е добар ден”.

Здравје

Спротивно на некои сфаќања, здравјето не може да се купи со пари. Наместо да размислуваме за болеста како нешто лошо што може да ни се случи, подобро да размислуваме за здравјето како нешто добро што ни се случува.

Цел

Нема ништо подобро за долгорочна среќа од сознанието дека нашите активности го прават светот подобро место за живеење.

Пријателство

Без пријатели не се живее. Во трката со секојдневните обврски, често губиме контакт со некои од нив. Направете нешто позитивно денес – јавете се на стар пријател со кого не сте се слушнале одамна.

Припадност

Чувството дека имате поддршка од голема група на луѓе ве прави посвесни за тоа дека сте дел од нешто поголемо од вас самите.

Самодоверба

Чувството на сигурност дека можете да сметате на себе за да го постигнете тоа што го сакате е добар потенцијал за среќа.

Семејство

Ако сте во добри односи со семејството, уживајте! Семејството е најдлабок извор на среќа на планетата.

Благодарност

Наместо да се фокусирате на тоа што го немате или што не ви е достапно, бидете благодарни за прекрасните работи што веќе ги имате во животот.

Смеа

Смеата лекува се. При тоа е потполно бесплатна… и непроценлива.

Љубов

Нема што да се објаснува.