Облека, чанти, парфеми и високи потпетици се слабост на сите жени, особено кога доаѓаат во луксузно пакување како тоа што ќе го видите во продолжение.
Tiffany & Co
Компанијата е основана во 1827 во Њујорк, а брендот е најмногу познат по дијамантскиот накит, особено по прекрасните веренички прстени со дијамант.
Manolo Blahnik
Познатиот бренд на женски чевли го носи името на основачот на компанијата. Основниот модел на високите потпетици stiletto датира од 1970 година.
Jimmy Choo
Уште една добро позната марка на женски чевли, рачно изработени. Основач е истоимениот Кинез од Малезија, Џими Чу. Брендот стана популарен по една објавена статија во Vogue во 1998 година.
Versace
Versace е една од најпознатите модни куќи во светот, основана во 1978 година од Џани Версаче. Освен облека, аксесоари и шминка, модната куќа исто така изработува и мебел.
Prada
Prada е италијански луксузен моден бренд како за жени, така и за мажи. Компанијата е основана од Марио Прада во 1913 година. Во 1984 година Prada се проширува, отворајќи продавници во Њујорк, Париз, Фиренца и Мадрид.
Cartier
Cartier создава и продава луксузен накит и часовници. Брендот е основан од Луј Франсоа Картие во Париз во 1847 година.
Gucci
Gucci е италијански моден бренд, основан од Гучио Гучи во 1921 година во Фиренца. Во моментов брендот има 278 продавници низ целиот свет во кои нуди луксузни чанти, обувки, модни додатоци, облека и др.
Hermes
Овој француски бренд за луксузни производи е основан од Тиери Хермес во 1837 година. Компанијата продолжува да биде семејно претпријатие специјализирано за изготвување на облека, модни додатоци и парфеми.
Louis Vuitton
Louis Vuitton или LV е француска модна куќа, која го носи името на нејзиниот основач Луис Вутон. Основана во 1854 година, како компанија за облека, луксузни кожни производи, чевли, накит и модни додатоци. Во 2006 година и 2012 година LV е прогласена за највреден луксузен бренд, со вредност од 25,9 милијарди долари.
Chanel
Овој популарен луксузен моден бренд е креиран од Коко Шанел во 1909 година во Париз, Франција. Брендот е познат по модните додатоци, парфеми и луксузни парчиња облека и шминка. Едни од најпознатите производи на Chanel се чантата Timeless CC и парфемот Chanel No. 5 . Брендот има 310 продавници низ целиот свет.