
Акциите на американската група за луксузна мода „Капри холдингс“ пораснаа за повеќе од 19 проценти, откако компанијата ги зголеми своите годишни прогнози за приходи и профит и објави дека очекува враќање на растот на продажбата.
Компанијата, која ги поседува брендовите „Мајкл Корс“ и „Џими Чу“, соопшти дека очекува приходи од околу 3,42 милијарди долари (околу 2,93 милијарди евра) за фискалната 2027 година, што е зголемување во однос на претходната прогноза од 3,40 милијарди долари (околу 2,91 милијарди евра), објави „Ројтерс“.
Новата проценка е малку повисока од очекувањата на аналитичарите, кои беа 3,41 милијарди долари.











