10-те најбогати луѓе во светот во последните 10 години (Инфографик)

197

Во последната деценија имаше голем број промени на листата на светски милијардери. Како прво, на врвот на рангирањето има нови лица кои никогаш претходно не биле на листата. Сепак, една од најзначајните промени е тоа што најбогатите милијардери акумулирале многу повеќе богатство во последните години.

Користејќи ги годишните податоци од Форбс за најбогатите луѓе во светот, VisualCapitalist создаде богат инфографик и направи рангирање на ТОП 10 милијардери во изминатата деценија.

Поголемиот дел од богатството е во форма на деловен капитал, недвижен имот и акции .

Во текот на деценијата, богатството на 10-те најбогати речиси тројно се зголеми од 39 милијарди долари на 115 милијарди долари.

Всушност, првиот милијардер кој ја премина границата од 100 милијарди долари беше Џеф Безос во 2018 година, кога го презеде првото место на листата од Бил Гејтс.