Фото: Pixabay
Mastercard и Светската програма за храна (World food programme) најавија заедничка соработка чија цел ќе биде ставање крај на гладот и сиромаштијата во светот, пишува Business Wire.
“Mastercard и Светската програма за храна претставија иновативна програма што помага да се изгради свет без глад и да се прекине циклусот на сиромаштија. Нашата иницијатива 100 милиони оброци тежнее кон исполнување на потребите на обесправените, маргинализираните граѓани ширум светот“, вели Ен Кернс, претседателка на секторот за меѓународни пазари во компанијата Mastercard.
Станува збор за глобалната иницијатива 100 милиони оброци, којашто треба да собере значаен износ на средства и “оброци“, преку поддршка на трите основни цели за оддржлив развој на Обединетите нации: без глад, квалитетно образование и еднаквост на половите.
Досега преку соработката на Mastercard и Светската програма за храна се обезбедени повеќе од 17 милиони оброци, а спроведени се иницијативи за помош на загрозени при некои природни катастрофи во Шри Ланка, Непал и Филипините.