100 најголеми компании во Македонија имале приход од 9,5 милијарди евра

369

Вкупниот приход што во 2019 година го оствариле 600 најуспешни компании во регионот надминува 112,7 милијарди евра.

Во Македонија 100-те најголеми компании оствариле приходи од 9,5 милијарди евра, во Словенија 32,4 милијарди евра, во Хрватска 29,8 милијарди евра, во Србија 24,6 милијарди евра, во Босна и Херцеговина 12,4 милијарди евра и во Црна Гора четири милијарди евра.

Ова се податоци на Poslovne novine за најуспешните компании од регионот. 100-те најголеми компании е регионален проект што повеќе од три децении ги промовира најуспешните бизниси на големи, средни и мали компании на локалните и пазарите ширум регионот.

Фото: Freepik