11 тајни за успешен бизнис што експертите нема да ви ги кажат

157

uspeh-kluc-pixabay

Фото: Pixabay

Дан Валдшмит е говорник, писател, стратег. Тој “војува” со конвенционални бизнис стратегии. Wall Street Journal неговиот блог го стави меѓу топ 7 блогови за продажба, пишува Business Insider.

Ова се тајните за успех според Валдшмит, што експертите нема да ви ги кажат:

1. Тоа што социјалните медиуми се бесплатни, не значи дека ќе ви донесат резултати.

2. Мора да го смените “жаргонот” ако сакате да заклучите договор.

3. Единствен начин да постигнете потрошувачите да се грижат за вас е први да почнете да се грижите за нив.

4. Ако при продажбата се однесувате како човек, поголеми се шансите луѓето да го купат вашиот производ или услуга.

5. Не морате да пишувате извештаи за да изградите доверба. “Трачарењето” е преценето.

6. Мудрото работење е резултат на тежок труд, а не замена за тоа.

7. Извинувањата и заблагодарувањата се најдобар начин да поведете разговор за вашите услови.

8. Трошете помалу време на “networking” и делење визитки. Бидете неверојатни. Луѓето сами ќе ве најдат.

9. Кога ќе им дадете одговор на луѓето, веднаш престануваат да ве слушаат. Наместо тоа, “нафрлајте” индиции.

10. Престанете премногу да истражувате, да трагате. Со време, ќе станете невешти. И почесто ќе делувате како идиот.

11. Податоците нема секогаш да ви кажат дали тоа што го работите е успешно.

Валдшмит додава уште неколку тајни:

1. Не треба да чекате дозвола за да почнете со маркетинг насочен кон потрошувачите.

2. Да се биде професионален е клучно за потенционалните потрошувачи/клиенти да сакаат да работат со вас.

3. Иронично, најбрз начин да станете експерт е да им се спротивставите на експертите од индустријата.